Со доаѓањето на португалскиот стратег Хозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид патеката по која чекорат “кралевите“ е светла. “Специјалниот“ успеа да ги скроти “лавовите“, да забележи убедлив триумф и да обезбеди пласман во наредната фаза.


– Ние сме Реал Мадрид, одигравме како што треба не го чувавме резултатот остварен на гостувањето и заслужено се пласиравме во понатамошната фаза. Лион е солидна екипа но ние повеќе ја посакувавме победата – смета “специјалниот“.


На прашањето на кој противник би го посакал за Реал Мадрид, Хозе Мурињо децидно одговори: Не би сакал да играм против Челси и Интер, затоа што емоционално сум поврзан. Но ако морам во ред е,  минатата сезона играв против Челси. Поубаво би било да ни се падне некој клуб што не ми лежи на срце.  


Мх.П.