– Дојдовме до победа против мошне добар противник. Мајорка има добри фудбалери, добар тренер и беше многу организирана на натпреварот. Ние сме уморни но си ја исполнуваме нашата цел, се пласиравме во најдобрите 16 во Лигата на Шампиони, веќе сме во 1/2 финалето од Копа дел Реј и сме втори на табелата во Примера што е сосема добро – смета “специјалниот“.
Најдобриот тренер за 2010 Жозе Мурињо се осврна на натпреварот што ги очекува во среда во 1/2 финалето до Копа дел Реј против Севиља.
– На натпреварот со Мајорка се коцкав со екипата но се исплатеше. Беше голем ризик но сега имам неколку одморени фудбалери за натпреварот со Севиља во 1/2 финалето од Копа дел Реј – заврши Мурињо
Видео : Еден гол три бода за “кралевите“