– Не е лесно да се игра на нива за компири, уште повеќе против противник кој е ослободен психички и нема што да загуби – рече харизматичниот Жозе Мурињо, по триумфот на неговиот тим против Еспањол со 3-0.


Мурињо упати серија критики на теренот на кој кралскиот клуб ги игра натпреварите. Тој не ја пропушти можноста да ги “поздрави“ луѓето кои ја критикуваа(т) неговата работа.

Роден сум во земја во која има 10 милиони тренери а работам во држава каде што има 40 милиони. Реалноста сепак е следна: Реал има само еден тренер и тоа сум јас. Само јас решавам кој ќе игра, кој не – рече португалецот.

Видео : Реал со “тројка“ го прати Еспањол

OhridNews