Стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо нема прилика а да не рече дека сака да се врати во Англија. Истото “специјалниот“ го истакна во интервјуто за американската телевизија “CNN“.


– Еден ден сакам да се вратам во Премиер Лигата, но сакам и тогаш да биде Сер Алекс Фергусон на клупата од Манчестер Јунајтед – посочи Мурињо кој се осврна и на приватниот живот. Неможам вака повеќе, сакам да сум обичен човек и со својата ќерка да си одам да си гледам фудбал. Заборавив како изгледа да водам нормален живот – заврши Мурињо.

Реал Мадрид во наредното коло во Примера Дивизион ќе се сретне со Барселона или популарно во “Ел Класико“.

Мх.П.