Стратегот на Интер Жозе Мурињо видно се изнервирал откако неговите играчи синоќa наместо да останат во карантин тргнале да ја прослават шампионската титула.

Екипата била во карантин во клупскиот камп крај Милано. Откако заедно го изгледале натпреварот Удинезе-Милан(2:1), кој им ја донесе 4-та титула во серија, играчите започнале да го скандираат името на португалскиот тренер по што повикале автобус и тргнале да слават низ улиците на Милано. „Очекував да си легнат во кревет бидејќи не чека натпревар“, изјавил кусо по “инцидентот“ Мурињо, на кого ова му е прва титула со Интер.

Вистинската прослава на 17-та титула во клупската историја се очекува вечерва кога Интер на Џузепе Меаца ја пречекува Сиена, меч кој нема никакво резултатско значење.

Ohridnews