Португласкиот стратег Жозе Мурињо ги предупреди новите засилувања, Германците Озил и Кедира што побрзо да научат шпанскиот или англискиот јазик со цел полесно да се прилагодат на средината.


На Кедира и Озил не им е лесно, не знаат ни збор на шпански, а ни англискиот не им е јака страна. Поради тоа стојат на страна и не се дружат со останатите фудбалери – вели специјалниот.

Кедира пак не се согласува со својот тренер и му возврати:- Англискиот ми е толку добар што разбирам комплетно се`  сите тактички укази на тренерот. Разбирам дури и некои делови на шпански -вели за германските медиуми.

Тој откри дека напорно работи за решавање на проблемот со јазикот со оглед на тоа дека три пати неделно оди на часови по шпански јазик

Ohridnews