Во 2008-та година менаџерот на Челзи Жозе Мурињо би можел да ја преземе репрезентацијата на Португалија.
Дека харизмата и темпераментниот карактер го прават да биде сакан, но и многу омразен покажува и најновита анкета во Португалија. Агенцијата АФП ги пренесува резултатите од телефонската анкета која нема да им биде од помош на челниците на Португалската федерација , имено 43,1 % од испитаниците го гледаат Мурињо како селектор , додека против се 42,2% , додека 14,7 % од испитаниците не размислувале на оваа тема.
Актуелниот селектор на Португалија, Луис Фелипе Сколари, веќе најави дека по ЕП во 2008-та ќе ја напушти репрезентацијата , со што на сојузот му остави доволно време да го избере неговиот наследник.
Н.Цветанов