Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо нема да ја прифати понудата, во октомвриските квалификациски натпревари да ја предводи репрезентацијата на Португалија.

Фудбалската федерација на Португалија која минатата недела го раскина договорот со Карлос Кеирош, на Мурињо му понуди да ја предводи репрезентацијата на натпреварите со Данска и Исланд.


На прес конференцијата по денешниот тренинг, Мурињо рече дека не може да ја прифати понудата поради несогласувањата помеѓу челниците на клубот.

Поради гордоста и љубовта, на мојата земја никогаш не би можел да и кажам не, но не можам ниту да ја прифатам понудата, бидејќи знам дека тоа во клубот не го одобруваат. За да бидам селектор на Португалија мора да постои согласност од трите страни, Реал има право да го каже тоа што го соопшти“, изјави Мурињо.

Кеирош доби отказ откако доби шестмесечна суспензија. Поранешниот селектор на Португалија суспензијата ја заработи поради упатените навреди кон лекарите, кои пред почетокот на СП во Јужна Африка, вршеа допинг контрола врз португалските репрезентативци.

Португалија лошо стартуваше во квалификациите за пласман на ЕП, на домашен терен одигра 4:4 со Кипар, а како гостин загуби од Норвешка со 1:0.

извор “Макфакс“
OhridNews