Жозе Мурињо синоќа го напушти „Стенфорд Бриџ“. Од управата на Челзи сеуште нема официјална потврда на оваа информација, но атмосферата која владее во клубот алудира дека се случува нешто крупно.
Од 20 часот па до полноќ синоќа, Мурињо им праќал СМС пораки на капитенот Тери и на неколку други играчи во кои им објаснувал дека веќе не е нивни тренер.
Заминувањето на Мурињо следува само 24 часа по сензационалното реми на „Стенфорд Бриџ“ 1:1 против Розенборг во ЛШ.
Г. Момироски