Португалскиот стручњак Жозе Мурињо имаше пресконференција за паметење после натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл кој „црвените ѓаволи“ го добија (3-2) иако имаа негатива 0-2. Мурињо со голем кураж им се обрати на англиските новинари кои го притиснаа Португалецот по серијата лоши резултати на клубот од Олд Трафорд.
- За се` што е лошо во Англија јас сум виновен. Не постои друг човек тука и некој друг кој прави проблеми како мене. Верувајте, не им е лесно на играчите да читаат секојдневно како нивниот менаџер не чини и ќе го сменат. Тие, а најмногу јас поминувам низ период од кој ќе излезам многу посилен. До сега немав видено лов на човек, но го осетив на своја кожа. – изјави Мурињо.
„Специјалниот“ се наоѓаше пред отказ на Олд Трафорд, но победата и паузата поради репрезентативните обврски го спаси Португалецот. „Црвените ѓаволи“ заостануваат седум бодови од водечките на табелата, но поголем проблем е играта која е далеку од ветувачка.
OhridNews