Инцидентот помеѓу соиграчите од Тотенхем Лорис и Сонг на дуелот со Евертон во Премиер лигата привлече повеќе внимание отколку минималната победа на „петлите“. Сите го очекуваа коменарот и образложувањето на Жозе Мурињо, кој уште еднаш ги заштити своите фудбалерите со изјава кој одекна во светските медиуми.
Фантастично, многу ми се допадна инцидентот. Ако треба да се бара виновник тоа сум јас, дефинитивно. Неколку денови по ред на тренинзите им говорев дека треба да покажат повеќе карактер и конечно дојде тој ден. Кога ќе се случи инцидетот помеѓу капитенот и момче какво што е Сон, тогаш тоа е добар знак за екипата која сака да напредува. – изјави Мурињо.
OhridNews