Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вината за слабите резултати сезонава во Премиер лигата ја бара секаде само кај самиот себе си се уште не.  „Специјалниот“ како што го нарекуваат англиските медиуми влезе во клинч со луѓето вработени во клупската телевизија.

„Црвените ѓаволи“ во пресрет на дербито со Арсенал на Олд Трафорд ќе имаат проблеми со составување на одбраната, а Мурињо се налути на прашањето кои играчи ќе конкурираат за утрешниот натпревар, поставено од клупската телевизија.

  • Не можам да ти кажам. Би сакал да ги слушнам овие прашања и на клупската телевизија од Арсенал, но тие не прашуваат и ги кријат слабите и ранливите на екипата. Ние сме во многу лоша ситуација, ќе мора да комбинираме и да го адаптираме тимот за потребите за дуелот со Арсенал. – изјави Мурињо.

Швеѓанецот Виктор Линделоф, Крис Смолинг, Ерик Баи и Матео Дармија го пропуштија ремито со Саутемптон и сигурно ќе го прескокнат и Арсенал. Лук Шо и Фил Џонс се во трка со времето. Дербито се игра в среда со почеток во 21 часот.

OhridNews

.’