Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо имаше не успешна авантура во Реал Мадрид, кога се работи за титулата во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ со Мурињо на клупата стигнуваа до полуфиналето но никако не успеаја да се пласираат во големото финале.
После елиминацијата на Реал Мадрид од Баерн Минхен на пенали во сезоната 2011/2012, Мурињо плачел во автомобилот на паркингот пред својот дом.
После натпреварот на Сантијаго Бернабеу и елиминацијата на пенали од Баерн Минхен, прв пат плачев и не можев да се соземам. Јас и мојот помошник Каранка, долго време во ноќта правевме муабет и солзите беа дел од нашиот разговор. Многу ми беше тешко, затоа што таа сезона убедливо бевме најдобра екипа во Европа. – изјави Мурињо.
Баерн Минхен во финалето пред своите гледачи на „Алијанц арената“ изгубија од Челси. „Сините“ после изведување на пеналите стигнаа до првата титула во Лигата на Шампиони.
OhridNews