Реномираниот португалски фудбалски стратег Жозе Мурињо во недела ќе го запише 1.000. натпревар во својата тренерска кариера. Својот јубилеј „Специјалниот“ ќе го одбележи со дуелот на неговата Рома против Сасуоло, со што Мурињо ќе стане само 33. тренер во модерната ера на европскиот фудбал, кој ја достигнал бројката од 1.000 натпревари.

На врвот на листата е легендарниот Алекс Фергусон со 2.155 натпревари пред Арсен Венгер со 1.701 натпревари.

Мурињо досега во кариерата предводеше девет европски клубови во четири лиги – Бенфика, Леира, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома. Зад своето име има 25 трофеи, при што ја освои Лигата на шампиони со две различни екипи – со Порто (2004) и со Интер (2010).

Задоволството е големо што ја достигнав бројката од 1.000 натпревари, но во исто време секогаш во мојата природа е да се радувам на следниот натпревар, а не да уживам во сеќавањата на натпреварите, кои се зад мене“, изјави Мурињо за англиското Здружение на тренери

OhridNews