В недела со почеток во 17 часот на Енфилд, Ливерпул во најголемото англиско дерби ќе го пречека составот на Манчестер Јунајтед. Домаќините се лидери на табелата без пораз сезонава, а гостите од Манчестер предводени од Жозе Мурињо на мегдан ќе излезат со променлива форма и резултати под очекувањата.
- Свесни сме дека играме против лидерот, против тим кој има високи цели сезонава, но и ние имаме свои квалитети. Имаме и проблеми, но ќе се потрудиме да се подготвиме најдобро што можеме и да одбреме тим кој ќе може да се спротистави. Минатата сезона резултатски добро поминавме на двата мечеви, но тие нема да играат никаква улога в недела. – изјави португалскиот стручњак.
„Специјалниот“ рече дека има повредени играчи, но не кажа на кои дефинитивно не ќе може да смета за дербито в недела. Надвор од комбинација сигурно ќе бидат Виктор Линделоф и Алексис Санчез, а останатите фудбалери ќе бидат во трката со времето.
Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата има освоено 20 титули, додека Ливерпул има 18 трофеи во витрини, но чекаат повеќе од две и пол децении за нова титула во најсилната англиска лига.
OhridNews