Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе се врати во италијанскиот фудбал, договорајќи се со екипата на Рома. Соработката на калчолигашот од Рим и Мурињо ќе започне од следната сезона, а двете страни договор потпишаа до јуни 2024 година.
Сакам да упатам голема благодарност до семејството Фредкин која што ме одбра да го водам клубот и да бидам дел од нивната визија. На првиот состанок ја разбрав и сватив амбицијата и воопшто не се двоумев. Заедно сакам да изградиме победнички проект, кој ќе трае неколку години, – изјави Мурињо.
„Специјалниот“ на позицијата тренер во Рома ќе го наследи Паоло Фонсека, кој ќе замине од клубот после завршување на сезоната.
Неверојатната страст на навивачите ме убеди да влезам во разговори со челниците на клубот. Со нетрпение чекам да започне сезоната, – додаде Мурињо.
Португалецот по пауза од 11 години се враќа во италијанската Серија А. Мурињо последен пат во Италија беше тренер на Интер, кога клубот од „Џузепе Меаца“ освои тројна круна, триумфирајќи во Серија А, Купот на Италија и Лигата на Шампиони.
OhridNews
Обновено: Рома и Фонсека се разделуваат, Мурињо изненадувачки избор на „волчицата“