Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе добие ривал од првиот шешир во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, откако групната фаза ја заврши на втората позиција на табелата. Предводникот на „петлите“, Жозе Мурињо смета дека неговиот состав е еден од најквалитетните во вториот шешир и не посакуван ривал за екипите од првиот кои ќе ја имаат улогата на носители.
Екипите кои се првопласирани на табелата (ќе) сакаат да не избегнат. Мислам дека сме една од најсилните екипи во вториот шешир. До февруари, кога продолжуваат мечевите во ЛШ уште подобро ќе ги запознаат моите играчи, а и тие ќе ја разберат мојата филозофија. Има уште два месеци до тогаш и ни преостанува да работиме напорно. – изјави Мурињо.
Ждрепката за 1/8 финалните двојки во ЛШ ќе се одржи в понеделник во 12 часот. Сите корисни информации околу ждрепката и носителите можете да ги прочитате на следниов линк, тука.
Првите осминафинални натпревари се играат 18/19 февруари, а реваншите недела дена подоцна.
OhridNews