Велшкиот репрезентативец Герет Бејл го постигна победничкиот погодок за Тотенхем на натпреварот со Брајтон од седмата рунда во Премиер лигата. Бејл кој во игра влезе од клупата со глава погоди за 2-1 во 73-та минута. Претходно за Тотенхем стрелаше Хари Кејн, а за гостите Тарик Лампти.

Бејл го заслужи овој гол. Кога ќе имам време пет минути, ќе проверам на интернет и ќе прочитам што пишуваат мадридските страници за него. Тој покажа карактер и играше голема улога, постигнувајќи многу важен гол за нас. Му се придружи на Хари Кејн на теренот во последните минути од натпреварот, и тие играа многу паметно, испраќајќи ја топката во области каде противникот не може да претставува закана за нас. Герет знае дека клубот се грижи за него, па и дека тој враќа со иста мера за интересите на клубот. Тој е многу мирно, интелигентно момче. Мило ми е што го постигна победничкиот гол. – изјави менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

Бејл во летниот преоден рок се врати во Тотенхем, откако Реал Мадрид го изостави од првиот состав. Бејл при прославата на голот извика „вамос“, што во превод на наш јазик значи „ајде“, а англичаните го окаретизираа како провокација за шпанскиот клуб.

OhridNews