Португалскиот стручњак Жозе Мурињо подготвен е за нов предизвик во фудбалот односно да биде селектор на некоја национална селекција. „Специјалниот“ се уште без тренерски ангажман после отказот од Манчестер Јунајтед во декември месец минатата година.
Мурињо неколку пати се поврзуваше со Англија и Португалија, имаше и конкретни средби но никогаш не се одлучи да преземе репрезентација. Изгледа дојде време за нов предизвик за Мурињо.
- Сакам да се пробам во некои нови натпреварувања. Моментално размислував за Европско и Светско првенство. Долго време имам желба да предводам некоја селекција. Сега повеќе се гледам како селектор отколку тренер во некој клуб. – изјави Мурињо.
Низ морето на шпекулациите со името на Мурињо најмногу се издвојува поврзувањето со белгиската репрезентацијата која за селектор го има Роберто Мартинез.
OhridNews