Португалскиот стратег Жозе Мурињо нема намера веднаш да се врати во фудбалот, одбивајќи три понуди, кои стигнале на негова адреса.
Мурињо добил понуди од шкотски Селтик, италијанска Рома и шпанскиот клуб Валенсија. Трите екипи не бележат најдобри резултати сезонава, а во ликот и делото на Мурињо гледаат излез од резултатска криза и враќање на старите патеки.
Португалецот е неполна седмица, откако англискиот премиерлигаш Тотенхем му врачи отказ, после серијата слаби резултати и лоши партии на екипата.
OhridNews