Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не брилираат ниту сезонава во Премиер лигата и Лигата на Европа. После триумфот на „мускули“ против Астана во ЛЕ со 1-0, „црвените ѓаволи“ изгубија од Вест Хем 2-0 и го претрпеа вториот пораз во третиот меч на гостински терен.
Составот на Оле гунар Солскјер претрпе низа критики од поранешниот менаџер Жозе Мурињо и некогашниот капитен Рој Кин. На прашањето од новинарот на Скај Спорт за Мурињо „Што му недостасува на Манчестер Јунајтед?“ Португалецот одговори: Ќе речам се. Не ми се допаѓа тимот воопшто а и не сум изненаден од резултатот. Минатата сезона бевме катастрофални но никакво подобрување не гледам оваа сезона во Манчестер Јунајтед.
Солскјер после доаѓањето на местото од Мурињо внесе свежа крв во составот, но потоа тимот падна во летаргија и резултатски воопшто не е напреднат во однос на времето кога на клупата беше португалскиот стручњак. Притисокот се зголемува на плеќите од Солскјер, а Норвежанецот покрај лошите резултати има проблем и со повредените фудбалери.
Манчестер Јунајтед в среда во рамките од Лига купот ќе игра со Рождал а викендов кој доаѓа ќе се судри со Арсенал во Премиер лигата.
OhridNews