Португалскиот стручњак Жозе Мурињо најави враќање во фудбалот од лседната сезона, а за негова дестинација се споменува италијанската Серија А.
Интер, никогаш не ја крие наклонетоста кон Мурињо, со кого освоија тројна круна во 2010 година, но интерес покажува и Рома која сака квалитетно тренерско име.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, „нероазурите“ веќе ги оствариле првите контакти со Мурињо, додека римската „волчица“ се уште нема испратено официјална понуда за Португалецот.
Понудата на Интер изнесувала од 8 до 10 милиони евра, а спортскиот директор на клубот Хавиер Занети со нетрпение чека работна средба со Мурињо.
За клупата на Интер конкурира и Антонио Конте, но Мурињо е водечки со оглед на успесите кои ги имаше додека беше тренер на екипата.
OhridNews