Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо „дебело“ го наплати предвремениот раскин на договорот со Манчестер Јунајтед. „Специјалниот“ за отказот кој го доби декември месец минатата година искеширал 25,1 милиони евра.
Информацијата околу сумата за Мурињо ја потврди директорот на клубот Ед Вудвард со кој Португалецот немаше добра соработка при крајот на својот мандат. Мурињо целокупната сума добиена како оштета од англискиот премиерлигаш морал да ја подели со луѓето кои беа во неговиот стручен штаб.
На местото од отпуштениот Мурињо дојде Оле гунар Солскјаер, кој за два месеци успеа да го препороди Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се пробија во ТОП 4 во англиската Премиер лига, а единствен неуспех на Норвежанецот е поразот од ПСЖ 2-0 на Олд Трафорд во првиот меч од Лигата на Шампиони.
OhridNews