Жозе Мурињо очигледно не се плаши од корона вирусот, откако при видео-состанокот со другите менаџери во Премиер лигата директно спротиставувајќи се на барањата за одложување на сезоната.

Според „Мирор“, Мурињо заедно со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и првиот човек на Евертон, Карло Анчелоти сака враќање на лигата што е можно побргу, односно за само неколку недели, порачувајќи им на другите да „останат дома и да гледаат Бундеслига“.

Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Френк Лампард (Челси), Најџел Пирсон (Вотфорд) и Греем Потер (Брајтон) се меѓу менаџерите кои сметаат дека не треба да се избрзува со враќањето на фудбалот.

Мурињо во изјава за медиумите сакаше да ги демантира првичните вести дека и тој бил меѓу тие кои барале одложување на стартот.

Мислам дека мојата позиција не беше рефлектирана вистински во медиумите. Јас не барам одложување. Сакам да тренирам и очајнички сакам Премиер лигата да се врати што е можно побргу, посебно сега кога ги гледаме и другите лиги како се подготвуваат за враќање. – изјави Мурињо.

Англичаните добија зелено светло од премиерот Борис Џонсон за организирање на спортски манифестации од јуни месец. Се очекува летово да биде полно со фудбал, бидејќи покрај во Англија сезоната ќе продолжи во Германија.

OhridNews