Фудбалерите на Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата го совладаа Јанг Бојс на Олд Трафод (1-0) и на една рунда пред крајот од групната фаза во Лигата на Шампиони обезбедија пласман во нокаут фазата. Таличен за „црвените ѓаволи“ беше репрезентативецот на Белгија, Маруане Фелаини кој погодокот за победа го постигна во судиското продолжение.

  • Пласман во следната фаза на една рунда пред крајот на фазата по групи е добра работа, бидејќи ривалите не беа воопшто лесни во групата. На натпреварот имаше добри и разочарувачките работи. Почнавме солидно, притисок правевме уште од првата минута, но момците изгубија самодоверба и тоа го искористија гостите да створат неколку прилики. Морам да го пофалам Давид де Геа, кој ни овозможи шанса за победа со онаа маестрална интервенција. – изјави Жозе Мурињо.

Вообичаено, на новинарско прашање за лошата игра на неговите избраници, „специјалниот“ одговори на свој препознатлив егоистичен стил. – Во 14 сезони успеав да играм во нокаут фазата, а едната сезона кога не играв ја освоив титулата во Лигата на Европа.

Покрај англискиот премиерлигаш пласман понатаму обезбеди и Јувентус. „Бјанконерите“ пред своите гледачи ја совладаа Валенсија со 1-0.

OhridNews