Португалскиот стратег Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето од катастрофалниот почеток на сезоната во италијанското првенство, откако Рома синоќа загуби од Џенова и го претрпе третиот пораз во шестиот натпревар.

Рома загуби со 1-4 на гостувањето во Џенова, која ја забележа првата победа во меѓусебните дуели по пауза од девет години.

По воведните шест кола во Серија А, Рома е на 16 место со само пет бодови, што го става под голем притисок тимот кој под водство на Мурињо ја освои Конференциската лига во 2022, а минатата сезона загуби во финалето на Лига Европа од Севиља.

Вистина е дека ова е најлошиот почеток на сезона за Рома и за мене како тренер, но исто така е вистина дека Рома никогаш во својата историја немала можност да игра европски финалиња две години по ред, рече Мурињо.

Рома в недела ја очекува нов предизвик во Серија А против Фросиноне на домашен терен.

Ова е екипата која ја имаме и во добро и во лошо. Мораме да одиме напред, немаме време за жалење, посочи португалскиот тренер.

OhridNews