Центар за култура „Григор Прличев“

Од 07.07.2022 - 18:00 до 21.07.2022 - 20:00

Самостојна изложба насловена „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од охридскиот уметник Славко Упевче ќе биде отворена на 7-ми јули 2022 година со почеток во 18 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На изложбата ќе бидат поставени 30 дела работени во повеќе ликовни техники (сув пастел, акварел, туш и масло на платно).

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја погледат изложбата до 21 јули.

OhridNews