Мурат и Каан Умер од охридскиот карате клуб Фудошин, се закитија со признанија за најдобри каратисти во младинска односно јуниорска конкуренција во изборот на Најдобрите каратисти за 2019 година кој го организираше Македонската традиционална карате федерација.

Признанијата за Мурат и Каан се наградата за годината што измина, но секако, и мотив повеќе за предизвиците со кои ќе се соочат во 2020 година.

На церомонијата беа доделени признанија за каратистите кои оствариле некаков успех во 2019 година.

Ohridnews