На ѕидот од градската библиотека „Григор Прличев” во Охрид осамна мурал, кој го најавува третото по ред културно алтернативно лето во Охрид, што го реализира Културолошката иницијатива „5 до 12“.

Нашата организација продолжува да иницира артистички уредувања на ѕидни површини, кои премалку ги има во Охрид. Воочуваме дека има голем број млади кои, и тоа како, се заинтересирани за учествување на вакви уметнички активности. – велат од Културолошка иницијатива „5 до 12“.

Сликите на ѕидот ги претставуваат настаните кои ќе бидат организирани во рамки на културното алтернативно лето.

OhridNews