Светското првенство чиј домаќин во 2022 година ќе биде Катар најверојатно ќе се игра во зимскиот период.
Според информациите на Спорт Илустрејтед, ФИФА ќе даде препорака натпреварите на Мундијалот да се играат во ноември и декември. Официјално ФИФА оваа одлука треба да ја донесе на состанокот во Цирих кој ќе се одржи наредниот месец.
Предлогот Мундијалот во 2022 година да биде одржан во зимскиот период се појави веднаш откако Катар ја доби организацијата, а како образложение беше наведено дека во текот на летото, кога вообичаено се одржуваат светските првенства во фудбал, температурите во Катар се екстремно високи.
Идејата веднаш ја поддржаа првите луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини.
„Макфакс“