Мултинационална компанија наскоро ќе започне изградба на фабрика во Охрид. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски при посетата на Охрид каде во населбата Расадник присуствуваше на поставувањето на камен темелник за изградба на станови наменети за социјално загрозени лица.
Груевски рече дека кон крајот на септември или најдоцна во октомври ќе бидат финализирани деталите околу изградбата на фабриката во која како што рече ќе се вработат над 1000 лица. Груевски не го откри името на потенцијалниот инвеститор велејќи дека тоа засега мора да остане деловна тајна.