Дечињата од детската градика „Росица“ ќе бидат дел од мултикултурната манифестација која ќе се одржи во сабота на 16-ти мај на Малиот плоштад во организација на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Овој настан е дел од проектoт „Почит кон различностите и мултикултурализмот“ кој се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ, Британска Амбасада, Центарот за човекови права, Локалната Самоуправа  и Градоначалникот на општина Охрид.

Според најавите, на манифестацијата која ќе започне точно напладне дечињата ќе прикажат повеќе активности и точки кои се подготвени во рамки на овој проект.

OhridNews