Јавното претпријатие Билјанини Извори во континуитет известува за несовесното користење на спортската инфраструктура, дел од СРЦ Билјанини Извори. За жал со таков пример можеме одново да се “пофалиме”, имено новото мултифункционално игралиште кое се изгради како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, 100 мултифункционални игралишта во Македонија, беше цел на несовесни корисници.
Во изминатите неколку години спортската инфраструктура, со поддршка на Владата и Општина Охрид , доживува една експанзија која не се памети од времето на отворањето на СРЦ Билјанини Извори (1978), се со цел подобрување на спортската понуда на СРЦ Билјанини Извори а со тоа и поголема можност за спорт и рекреација на сите граѓани на Охрид.
ЈП Билјанини Извори апелира до сите несовесни граѓани да престанат со несовесното користење и уништување на јавните спортски добра и при тоа се надева дека станува збор за изолирани случаеви. ЈП Билјанини Извори поради оваа негативна тенденција ги замолуваме сите наши добронамерни корисници, заедно со нас, да се обидат да влијаат на позитивниот развој на свеста кај сите потенцијални корисници со што во иднина би го намалиле или целосно стопирале ова вандалско и девијантно однесување на поединци.
OhridNews