Вечерва во Центарот за култура „ Григор Прличев со почеток во 19 часот ќе се одржи  добротворен концерт на кој ќе настапат играорни и пејачки групи од охридската и струшката општина.

Учество ќе земат КУД „Илинден“ од Велгошти, турска културно-уметничка група , албанската играорна група при основното училиште „Братство-единство“ и кутурно-уметничкото друштво на Египќаните „Клеопатра “ од Струга.

Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за реализација на програмата за превенција од психоактивни супстанци, акохол, дрога и тутун која Младинскиот совет на Охрид ќе ја отпочне во текот на идниот месец.

Билетите по цена од 100 денари се  продаваат организирано преку јавни установи, институции и приватни компании, а можат да се набават и пред почетокот на концертот.

Овој мултиетнички концерт го организира Младинскиот совет на Охрид.

Ohridnews