Во петок на 31-ви октомври 2014 година во организација на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци”, во Струга ќе се одржи шестото издание на Мултиетничкиот детски фестивал.
Оваа година на фестивалот ќе настапат, студиото за танц „Бах” и неколку културно-уметнички друштва од Струга и околината. Исто така во рамки на програмата ќе има и соло и пијано изведби. Фестивалот е финансиски подржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Според најавите, фестивалската програма ќе започне во 11 часот и 30 минути.
OhridNews