Мултиетничката вечер е дел од програмата ”Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците” што ја спроведува Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово, под покровителство на Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција, во рамките на заедничката програма на Обединетите нации.
-Целта на овие активности е да им се овозможи на младите подобро да се запознаат, да научат повеќе за различните култури и обичаите на своите сограѓани кои живеат во нивната општина, како и да учествуваат во активностите кои што се од заеднички интерес за граѓаните без разлика на нивната етничка или религиозна припадност.-велат од Институтот за развој на заедницата од Тетово.
Тие објаснуваат дека Активностите на оваа програма, кои се спроведуваат во Охрид се целосно поддржани и помогнати од Младинскиот Совет Охрид.