Трандиционална храна, покуќнина, музички инструменти и други предмети кои се карактеристични за Египќаните, Ромите, Турците, Србите и Македонците кои живеат во Охрид, беа дел од “Мултиетничката вечер”, која деновиве се одржа во Охрид. Оваа манифестација е дел од проектот “Заеднички визии” кој го спроведува Младинскиот Совет Охрид.

Овој проект се имплементира со поддршка на канцеларијата на Унеско во Венеција, во рамките на заедничката програма ,,Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците,, финансирана од Шпанската влада преку Фондот за остварување на Милениумските развојни цели.
Ohridnews