Sky Corner

Од 10.03.2022 - 20:00 до 10.03.2022 - 21:30

По долга пауза повторно на сцената НАТГ „Аматер“ ја враќа театарската мулти-медијална претстава „Ти во седум бои“ за првпат изведена на 13ти април 2019та година. Претставата ќе биде изведена на 10ти март со почеток во 20 часот во Sky Corner Охрид, а овојпат ќе биде адаптирана музичко-сценска изведба.

Насловот на претставата „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“ е инспириран од истоимениот наслов на расказот „Ти во седум бои“ на Горан Василевски од книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“. Претставата „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“ се состои од мешавина на повеќе уметности како актерска игра, музика, танц, поезија, која е адаптација на јавно објавени и авторски дела.

Претставата и сценариото е на Јован Цветкоски, а изведувачи се Емилија Колоска, Јован Цветкоски, Јован Поп-Стефанија, Христијан Томевски, Никола Јосифоски, Јане Тодороски, Тони Арслан и Филип Михајлоски.

Билетите по цена од 200 денари може да се резервираат на телефонскиот број 076 212 680, а истите се во ограничен број.

OhridNews