Хрватската кошаркарска федерација го назначи денеска Дамир Мулаомеровиќ за нов селектор на националниот тим, на местото на Вељко Мршиќ со кого изминатиот викенд спогодбено ја раскина соработката.

Новиот селектор Мулаомеровиќ е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на селекциите на Босна и Херцеговина и на Косово.

Мулаомеровиќ во февруари 2022 година беше избран за помошник селектор и тесно соработуваше со својот претходник Мршиќ во стручниот штаб на хрватската репрезентација.

Во својата долга кошаркарска кариера, Мулаомеровиќ има една титула во Евролигата, која ја освои во сезоната 2001/2002 со атински Панатинаикос.

OhridNews