Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја прифати оставката од Ивица Обрван на селектороската позиција во сениорската репрезентација.


Новиот селектор ќе го избира стручна комисија составена од Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски, а конкурсот ќе се распише од понеделник (25 април).

– После поразот од Белорусија на Европското првенство долго време размислував за промена на селекторската позиција. Но, по исто така долги разговори со луѓе од ракометот одлучив да продолжиме со соработката со Обрван. Сега од овој аспект одлуката беше погрешна, но од грешките најдобро се учи. – потенцираше Мукаетов.

Македонија со нов селектор ќе се сретне со Чешка во баражот во јуни за Светското првенство во Франција 2017 година.

OhridNews