Живко Мукаетов, директорот на “Алкалоид“ засега е единствениот кандидат за претседателското место во Ракоментата федерација на Македонија.


Мукаетов, кој долги години е во Управниот одбор на РФМ и е голем љубител на ракометот, ја доби потребната поддршка од делагати, која е неопходна за валидна кандидатура за претседателското место.


Пред месец дена актуелниот претседател Михајло Михајлоски објави дека нема да се кандидира за уште еден мандат и дека федерацијата ќе ја остави на некој амбициозен човек, кој ќе продолжи да ниже успеси со репрезентациите, клубовите и ракометарите.


Собранието за избирање за нов претседател на РФМ ќе се одржи в сабота во Скопје. Новиот претседател на РФМ ќе има полни раце работа. Треба да  одбери селектор, кој ќе ја продолжи одличната низа на машката селекција и да се стабилизира женската по многуте заминувања од националниот дрес.

Мх.П.