Старо-новиот претседател на Ракометна федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, реално и искрено го анализираше настапот на македонската репрезентација на Мундијалот во Египет. „Црвено жолтите“ кој учествуваа како „прва резерва“ разочараа, завршувајќи на 23-та позиција со скромен биланс од една победа и пет порази. Цехот го плати селекторот Данило Брестовац, кој спогодбено го раскина договорот со РФМ.

Со добивањето на повик во последен момент бевме подготвени и прифативме да учествуваме на СП 2021 во Египет, одржувајќи го континуитетот од настапи на големите натпреварувања. За жал, шампионатот го завршивме со една победа и пет порази, но многу повеќе од резултатскиот аспект боли однесувањето на одредени поединци кои националниот дрес. Она што се случи во Каиро беше мачно за гледање. Јасно е дека се потребни коренити промени, тоа е нов селектор со мобилизирање на сите домашни ресурси, ако има потреба и земање на помош од надвор, за унифицирање на ракометната стратегија во нашата држава. – рече Мукаетов.

 

OhridNews

 

Живко Мукаетов реизбран за претседател на РФМ