Најчесто име на момчињата кои се родени 2009 година во Англија и Велс било Мухамед, според официјалните статистички податоци. Тоа име чиј број двојно се зголемил во последниве десет години, го добиле вкупно 7549 момчиња. Бидејќи името Мухамед се пишувало на 12 различни начини, најчесто име останало Оливер, а тоа име го добиле 7264 момчиња.


На третото место се наоѓа името Џек, име кое 14 години било најпопуларну меѓу момчињата во Англија, додека на четвртото и петтото место се нашле  Хари и Алфи. Кога станува збро за девојчињата омилени имиња се Оливија, Руби, Клои, Емили и Софи.