Малку кој очекуваше дека францускиот луксузен бренд „Луј Витон“ ќе ја избере боксерската икона Мухамед Али за ново заштитно лице на своите производи. Сепак, на неодамна објавена фотографија, славниот боксер позира за познатата марка во друштво на својот внук кој носи боксерски ракавици. Ова е добар знак за еден од најголемите спортисти на својата генерација, која има 70 години и се бори со Паркинсонова болест. претседателот на компанијата бил многу горд на оваа соработка.

Мухамед Али така се придружил на бројните ѕвезди кои ги позајмиле своите лица на познатиот бренд, меѓу кои се и Кетрин Денев, Анџелина Џоли и Шон Конери. За оние кои овој избор им се чини чуден, куќата Луј Витон објаснила дека Али е исклучителна личност и вистинска жива легенда. Засега е објавена само една фотографија, додека останатите ќе бидат претставени на 15 јуни по повод лансирањето на новата рекламна кампања.