Муамед Сејдини е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Новиот мандат на Сејдини ќе биде со важност до 2025 година.
Сејдини беше кандидат од ОФС Кичево, а доверба му дадоа 56 од вкупно 92 делегати на Изборното собрание, кое денеска се одржа во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
На Изборното собрание имаше претставници од УЕФА и ФИФА, а видео обраќање имаше првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.
OhridNews
Фото: Архива