Две момчиња, браќа на возраст од 10 и 12 години, биле на риболов, а на постариот една, откако се обидел да и ја одгризе главата, како би ја убил, му се лизнала во грлото и се заглавила. Несреќното момче од Малезија уловило риба долга четири сантиметри, која подоцна му заглавила во грлото цели 14 часа.
Младиот брат се обидел да му помогне на постариот, но безуспешно, па побрзале дома каде ги дочекал таткото. Најпрво го одвел синот во локалната клиника, од каде бил префрлен во болницата која се наоѓала на 40 километри од местото во кое живееле. На момчето не можеле да му помогнат ниту во таа болница, па со возило на брза помош бил префрлен во една поголема болница. Момчето во болницата пристигнало во околу 11 часот ноќта, со крварење од устата, а рибата веќе одамна била умрена заробена во неговото грло. Бил подлегнат на краток оперативен зафат, по што рибата била отстранета. Момчето добро закрепнувало и немало компликации.