Стјуарт Пенман една година не смее да влегува во локалната библиотека во Лестер бидејќи вработените и останатите посетители се жалеле на неговата миризба. Нема да влегува додека не се погрижи за личната хигиена, а посебно за пазувите и стапалата.


Стјуарт ја негира оптужбата. но признава дека нозете непријатно му мирисаат. Тврди дека се тушира секој ден, и вели дека живее со својата мајка која многу пуши и дека мириса на цигари. Во библиотеката велат дека младиот британец ги игнорирал сите предупредувања изминатава година.