На унгарецот Миклос Антала доживотно му забраниле да влегува во еден бар откако се обидел да го украде автоматот за кондоми, јавуваат медиумите. Миклос на полицијата и изјавил дека запознал згодна девојка и дека итно имал потреба од контрацепција.
Немал доволно пари па сакал да го земе целиот автомат за да ги задоволи своите потреби. Останатите гости во барот забележале дека сака да го сокрие автоматот под јакната па повикале полиција. Од барот му забраниле да влегува во истиот засекогаш.