Еден жител во Германија поднел многу чудно барање до локалниот суд. Имено судот му забранил на жителот во градот Минстер да му направи тетоважа на својот коњ во облик на заштитниот знак на бендот „Ролинг Стоунс“, усна и исплазен јазик. Судот го отфрлил барањето на сопственикот на коњот кој сакал неговиот бел пони да биде уште поубав.
Тетовирањето на домашните животни било во спротивност со законите за заштита на животните. Судот исто така проценил дека тетоважата била обид на сопственикот да се рекламира во тоа со што замислил да се занимава- тетовирање животни.