Поради постоење основано сомнение за извршени кривични дела „ Убиство во обид“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки матери“ , полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ш.И. (45) од селото Калишта.

Од страна на Истражен Судија при Основниот Суд во Струга, него му е одредена  мерка притвор во траење од 30 дена.
На ден 20.07.2010 година, околу 09 часот, во близина на Струга, сега притворениот Ш.И.  управувајки го своето возило марка „Голф„ го забележал возилото  на Џ.Ш. од струшкото село Радолишта. Веднаш го репетирал  пиштолот кој го поседувал без одобрение и започнал да го следи автомобилот на Џ.Ш. од селото Радолишта кој сето тоа го видел и со голема брзина се упатил кон центарот на градот.

Набрзо, тој го паркирал возилото на улицата „Пролетерски бригади„. каде излегол од возилото и започнал да бега по споредните улици со намера да се сокрие. Во тој момент, кон него, пријавениот испукал 4 куршуми.  По кратко време, пријавениот  сепак го пронашол сокриениот Џ.Ш. , кон него го вперил пиштолот во пределот на главата но сепак не испукал по што веднаш избегал кон Охрид.

Истиот, набрзо е пронајден и приведен од полициските службеници при СВР Охрид.

OhridNews